Линкови за пристапност

Огнена престрелка меѓу Северна и Јужна Кореја


Со детална истрага ќе се утврдува дали имало повреда на Договорот за примирје

Северна Кореја испука повеќе истрели од огнено оружје кои погодија стражар на Јужна Кореја во силно утврдениот пограничен регион што ги разделува двете држави, соопшти во неделата војската на Сеул.

Немало жртви или штети на јужнокорејската страна, но војската на Јужна Кореја возвратила со оган, според началници на Јужна Кореја.

Не е јасно што довело до пукање од страна на Северна Кореја, за што Јужна Кореја соопшти дека започнало во 7:41 часот по локално време. Северна Кореја не го коментираше инцидентот.

Неколку часа по инцидентот, јужнокорејските воени претставници рекоа дека веруваат дека Северна Кореја не го направила тоа намерно. Веднаш не беше јасно како дошле до тој заклучок.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека се смета дека истрелите биле „случајни“


Командата на Обединетите нации, предводена од САД, воено тело кое ги надгледува работите во демилитаризираната зона, изјави за Гласот на Америка дека е „свесна за пријавениот инцидент што се случи во близина на демилитаризираната зона“.

Полковникот Ли Петерс, директор за јавни работи на Командата на Обединетите нации, најава „детална истрага за да утврди дали имало повреда на Договорот за примирје и дека извештајот ќе го достави до соодветните органи откако ќе заврши истрагата.“

Говорејќи на Еј-Би-Си, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека се смета дека истрелите биле „случајни“, додавајќи дека „можеме да кажеме дека немаше загуба на животи на двете страни“.

Американската војска има околу 28.000 војници во Јужна Кореја, остаток од Корејската војна од 1950-тите, што заврши во примирје, а не со формален мировен договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG