Линкови за пристапност

Отворен пат кој ги поврзува двете Кореи


Изградбата на патот, кој ја поврзува демилитаризираната зона на двете Кореи, беше договорена помеѓу лидерите на Јужна и Северна Кореја

Јужна Кореја соопшти дека е отворен патот кој ја поврзува демилитаризираната зона на двете Кореи, што е најнов гест за помирување меѓу порано непријателските соседи.

Министерството за одбрана денеска објави дека двете страни работеле на изградбата на патот од октомври. Тој ќе се користи за заеднички операции следната година за да се реставрираат остатоците од Корејската војна од 1950 до 1953 година.

Патот е долг три километри, а широк е 12 метри. Изградбата на патот, покрај другото, беше договорена на самитот во Пјонгјанг помеѓу претседателот на Јужна Кореја, Мун Јае-ин и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, во септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG