Линкови за пристапност

Лидерите на Северна и Јужна Кореја ќе се сретнат на 27-ми април


Датумот за овој историски состанок беше утврден денес

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин ќе имаат билатерална средба на 27-ми април.

Датумот за овој историски состанок беше утврден денес, за време на состанокот меѓу претставници на двете земји, во пограничното село Панмунјон, во демилитаризираната зона, која ги дели двата ривала уште од граѓанската војна во 1950-53 година.

Лидерите на двете Кореи се сретнале само двапати по поделбата - во 2000-та година, и во 2007-та година.

Договорот за средба уследи по посетата на Ким Јонг Ун на Кина, прво меѓународно патување по неговото доаѓање на власт во 2011-та година, по смртта на неговиот татко.

За време на средбата со кинескиот претседател, тој се согласи да го денуклеаризира Корејскиот Полуостров, како и да почне преговори со Јужна Кореја и САД.

Претставниците на Северна и Јужна Кореја ќе се сретнат повторно наредната среда, за да ги финализираат деталите за лидерската средба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG