Линкови за пристапност

Северна Кореја ќе испрати делегација на Зимските олимпски игри


Северна Кореја се согласи да испрати виша делегација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Предлогот бил изнесен за време на првите директни разговори меѓу автократскиот Север и демократскиот Југ, кои се одржаа во Панмунџом, т.н. „село на мирот“, што се наоѓа на границата каде што во 1953-та година било потпишано примирјето со кое завршиле борбите во Корејската војна.

Заменик-министерот за обединување Чун Ха-Сунг, по состанокот рече дека Северна Кореја планира да испрати виша делегација од спортисти и навивачи на Олимписките игри, коишто ќе започнат на 9-ти февруари. Чун рече дека Сеул предложил двете страни да маршираат заедно за време на церемонијата на отворањето.

Чун изјави дека јужнокорејската страна предложила обединување на членовите на семејствата кои биле одвоени за време на граѓанската војна од 1950-1953-та година, настан, би се одржал следниот месец за време на лунарната Нова Година. Сеул исто така предложил одржување на воени разговори за спречување на повремените конфликти долж границата.

Двете страни воедно се согласиле да ја обноват воената телефонска линија која Северна Кореја ја исклучи пред речиси една година, откако Јужна Кореја ги затвори операциите во заедничкиот индустриски комплекс, лоциран на другата страна на границата, во Каесонг.

Само неколку часа подоцна, Пјонгјанг повторно ја отвори телефонска линија, и нормалните комуникации треба да продолжат во среда.

Денешните разговори ги обновија прекинатите односи меѓу двете држави коишто ескалираа по тестовите на нуклеарно оружје и балистички проектили од страна на Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, го скрши мразот во својот говор за Нова Година, кога понуди да испрати делегација на Зимските олимписки игри.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џеи-ин, кој посакува подобри врски со Пјонгјанг, одговори со понуда за разговори со владата на Ким.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG