Линкови за пристапност

Нова средба меѓу Јужна и Северна Кореја


Специјален претставник на Јужна Кореја ќе отпатува во Пјонгјанг в среда, каде треба да ги договори деталите

Јужна Кореја следната недела испраќа специјален претставник во Северна Кореја, на разговори околу аранжманите за третата средба меѓу лидерите на двете држави.

Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја денес изјави дека нивен претставник ќе отпатува во Пјонгјанг в среда.

„Ќе разговара за повеќе прашања, вклучувајќи го и конкретниот датум за самитот на Јужна и Северна Кореја, како и за нивниот развој и меѓусебни односи, денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и воспоставување мир“, изјави тој.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, на средбата во април, се договорија Мун да го посети Пјонгјанг подоцна во текот на годината.

Јужнокорејската новинска агенција објави дека Јужна Кореја предложила испраќање специјален претставник, и оти Северна Кореја ја прифатила понудата, испраќајки телеграма истиот ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG