Веднаш по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Барак Обама и Јужнокорејскиот претседател Ли Мјан-бак, двете држави објавија заедничка воена вежба.
Тоа е прв позначаен одговор по вторничното фатално гранатирање на јужнокорејски остров.
Портпарол на американските сили Дејвид Отен во Сеул кажа дека четиридневната вежба ќе започне во недела и ќе вклучи носач на авиони, УСС Џорџ Вашингтон во Жолтото море.
„Вежбата е од дефанзивна природа. Планирана е долго пред вчерашниот неиспровоциран артилериски напад, и демонстрира сила на алијансата и наша определба за регионалната стабилност преку одвраќање“, рече Отен.
Двајца јужнокорејски маринци и најмалку двајца жители на островот Јеонпјеонг загинале при гранатирањето.