Линкови за пристапност

САД: Заканите од Северна Кореја се контрапродуктивни


Висок претставник на американската одбрана вели дека севернокорејските провокации само дополнително ја изолираат земјата

Американскиот Заменик-секретар за одбрана Аштон Картер вели дека ракетните и нуклеарни тестови на Пјангјанг, како и неодамнешните закани за лансирање на нуклеарен напад и напад на погранични острови на Југот, нема да го омекнат односот кон затворената и сиромашна држава.

„Доколку Севернокорејците мислат дека ова некаде ќе ги однесе, во заблуда се. Единствениот ефект од тоа е осуда од целиот свет“, рече Картер.

Како одговор, додава тој, армијата на САД продолжува да интегрира операции со силите на Јужна Кореја и да додава пресретнувачи на ракети од копно, на територија на Аљаска.

Во тек се заеднички вежби на полуостровот што инволвираат илјадници членови на силите на САД и Јужна Кореја.

Картер нагласи дека сите ресурси под американскиот нуклеарен чадор ќе продолжат да бидат достапни на Јужна Кореја. Тој вели дека пример за ова ќе биде вторничкиот „лет за обука“ на бомбардерот Б-52 во близина на полуостровот.
XS
SM
MD
LG