Линкови за пристапност

Северна Кореја ја лансира ракетата


И покрај неуспешноста на лансирањето, меѓународната заедница го осуди потегот

Северна Кореја се оглуши на меѓународните протести со лансирање на ракета со долг домет во петокот, но таа се распадна и безопасно падна во море кусо време потоа.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја призна дека тристепената ракета не успеала да го испрати, како што тврди, временскиот сателит во орбитата. Кусиот исвештај кажа дека научниците ја испитуваат причината за неуспехот, но други детали нема

Американската Северна команда вели дека иницијалните индикации покажуваат дека првата фаза на ракетата се урнала во Жолтото море, 165 км од брегот на Јужна Кореја. Таа вели дека останатите фази на ракетата исто така не успеале пред да се урнат во вода.

Јапонија вели дека ракетата се чини дека летала околу една минута, достигнувајќи 120 км во височина, пред да се распадне.

Севернокорејски претставници на одбраната велат дека нивните морнарички бродови, исто како американски, руски и кинески бродови, во моментов се во регионот барајќи остатоци од падната ракета.

И покрај неуспешноста на обидот, потегот предизвика силни меѓународни реакции.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кажа дека акцијата е за осуда и е кршење на „црстиот и единствен став на меѓународната заедница“.

Белата куќа исто така го критикуваше неуспешното лансирање. Прес секретарот Џеј Карни кажа дека потегот е закана за регионалната безбедност и покажува дека Пјонгјанг преферира „фрлање пари на оружје и пропагандни претстави додека севернокорејскиот народ е гладен“.

Западните нации најверојатно ќе притискаат за натамошна осуда на Северна Кореја кога Советот за безбедност на ОН подоцна денеска ќе расправа по ова прашање. Но набљудувачите велат дека не е веројатно поставување на нови санкции спрема оваа изолирана држава.

XS
SM
MD
LG