Линкови за пристапност

САД ја суспендираа помошта во храна за Северна Кореја


САД велат дека го суспендирале пакетот помош во храна за Северна Кореја како одговор на плановите на Пјонгјанг за лансирање проектил следниот месец. Додека Северот вели дека плановите за лансирање на сателитот е за мирољубиви цели, САД и другите држави велат дека лансирањето може да помогне во напредокот на нивната технологија за балистички проектили.

Питер Лавој, вршител на должност Помошник секретар за одбрана за азиски и пацифички безбедносни прашања на конгресен распит кажа дека САД работат заедно со сојузниците во регионот во обид да се обесхрабри Северна Кореја од изведување на лансирањето зашто со тоа би ги прекршила меѓународните обврски што Пјонгјанг ги презел. Тој кажа дека неуспехот на Северот да го одржи она што го ветил ја крева загриженоста за исхраната на народот зашто САД понудиле и помош во храна.

„Бевме принудени да ги суспендираме нашите активности за обезбедување помош во храна за Северна Кореја главно затоа што сега немаме доверба дека механизмите за мониторење на тоа каде точно оди храната“, рече тој.

Кон крајот на минатиот месец Северна Кореја соопшти дека привремено ги суспендира нуклеарните тестови, лансирања на долго-дометни балистички проектили и други нуклеарни активности. За возврат, Вашингтон вети дека на Северот ќе му обезбеди 240.000 метрички тони храна.

Помошта се очекуваше да оди кај оние на кои најмногу им е потребна, вклучително неухранети деца и бремени жени.

Американската помош во храна за Северна Кореја била суспендирана откако Пјонгјанг ги избркал американските набљудувачи на храната во 2009 по изразената загриженост за дистрибуција на храната од американската страна.

Засега, Пјонгјанг дава отпор на повиците за откажување на лансирањето, и Лавој вели дека тоа го крши договорот од минатиот месец.

Но, има и друга загриженост, вели Лавој:

„Севернокорејците индицираа дека ќе го лансираат проектилот кон југ. И јас не знам дали има некаква гаранција за стабилноста на проектилот или каде точно ќе биде паѓањето. Голем број држави потенцијално се засегнати. Ова може да падне, или делови да паднат на нивни држави. Тоа може да предизвика жртви“.

XS
SM
MD
LG