Линкови за пристапност

Северна Кореја го величи Ким Јонг Ун како „врховен лидер“


Ким Јонг Ун беше прогласен за врховен лидер на севернокорејската владеачка партија и армија за време на комеморацијата за неговиот починат татко, Ким Јонг Ил, во Пјонгјанг.

Државната телевизија покажа масовен собир на луѓе за служба што се одржа на плоштадот Ким Ил Сунг.

Додека младиот Ким гледаше од балконот на палатата, церемонијалниот раководител Ким Јонг Нам на толпата и` кажа дека Ким ја наследува “идеологијата, карактерот и револуционерната кауза“ на татко му.

Нацијата оддаде почит со триминутно молчење на крајот на церемонијата, на пладне по локално време. Државната телевизија покажа граѓани како стојат немо со наведнати глави, додека возови, бродови и други возила се огласија со сирени.

Меморијалната служба беше дел од вториот ден на погребните церемонии за Ким Јонг Ил, кој почина од срцев удар на 17 декември.

XS
SM
MD
LG