Линкови за пристапност

Северна Кореја се подготвува за погребот на Ким


Северна Кореја се подготвува за погребот на Ким

Се очекува церемонијата да биде слична како онаа за татко му Ким Ил Сунг; на странци не им е дозволен влез во земјата

Северна Кореја се подготвува за церемонијално збогување во среда со починатиот лидер Ким Јонг Ил, додека светот бара знаци за идните моќни играчи во тајната нација што има нуклеарно оружје.

Државните медиуми на Пјонгјанг до сега не дадоа детали за планираниот настан, а на странци им е забрането да присуствуваат. Но, аналитичарите очекуваат церемонијата да биде слична на онаа кога татко му на Ким и основачкиот претседател Ким Ил Сунг почина, во која беа истакнати обележјата на неговото владеење и зајакната лојалноста на неговиот наследник во династијата.

Официјалните медиуми на Северна Кореја продолжија да ги востановуваат акредитивите на новоименуваниот лидер Ким Јонг Ун, соопштувајќи во понеделникот дека Ким бил именуван за главната функција во Комунистичката партија. Младиот лидер во понеделник се сретна со приватна делегација на проминентни Јужнокорејци, што беше негова прва официјална средба со странски посетители по смртта на татко му соопштена минатата недела.

Странските влади внимателно ги следат настаните во Пјонгјанг заради загриженост во врска со подемот на младиот Ким во државата со нуклеарна програма, голема армија и историја на длабоко непријателство спрема соседите.

Јужнокорејци и кинески високи претставници се сретнаа во Сеул во вторник да дискутираат за ситуацијата на Корејскиот полуостров по смртта на Ким Јонг Ил.

Кина е голем сојузник на Северна Кореја и обезбедува вредна економска поддршка за сиромашната нација.

Кина, Јужна Кореја, Северна Кореја, Јапонија, САД и Русија се државите инволвирани во шестстрани разговори чија цел е разградување на програмата за нуклеарно оружје на Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG