Линкови за пристапност

Претседателот на Јужна Кореја во посета на Вашингтон


Претседателот на Јужна Кореја во посета на Вашингтон
Претседателот на Јужна Кореја во посета на Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама во четврток го пречекува јужнокорејскиот претседател Ли Мјан Бак во Белата куќа, што американски официјални лица велат дека е важна државничка посета.

Во настаните планирани за четврток е вклучена формална церемонија на добредојде и државна вечера. Претседателот Ли исто така ќе се обрати на заедничка сесија на американскиот Конгрес.

Портпарол на Белата куќа Џеј Карни вели дека американско-јужнокорејските односи се многу добри, помагајќи ја изградбата на глобалниот мир и просперитет. Посетата на Ли доаѓа еден ден откако Конгресот го одобри договорот за слободна трговија со Северна Кореја што претседателот Обама кажа дека ќе го потпише.

Ли на американската Стопанска комора вчера кажа дека трговскиот договор ќе креира добри работни места во двете држави.

Претседателите Обама и Ли планираат да ја посетат фабриката Џенерал Моторс во петок во Детроит. Обама кажа дека сака да ги види Корејците како возат автомобили произведени во САД исто како што многу Американци возат корејски автомобили.

XS
SM
MD
LG