Линкови за пристапност

Координација во Собранието за распоред на активности околу изборот на „Пржинска влада“


За три седмици отсега Северна Македонија ќе добие нова влада – „Пржинска“, која ќе ја извршува функцијата во периодот од 100 дена до мајските парламентарни избори од чии резултати ќе зависи изгледот на идната политичка влада.

Премиерската позиција, која на крајот на јануари ќе ја напушти Димитар Ковачевски, во согласност со договорот меѓу СДСМ и ДУИ ќе ја преземе сегашниот собраниски спикер Талат Џафери. Тој денеска одржа координација со пратеничките групи, прва во новата година, на која бил утврден начелен распоред на активностите во наредните недели.

Предвидено е во деновите меѓу 22 и 28 јануари да се констатираат оставките на претседателот на Собранието и на премиерот, да се избере нов спикер, шефот на државата да го додели мандатот за формирање на влада, да се избере новата влада како и заменици-министри и дополнителни заменици-министри.

Бидејќи Џафери ќе биде премиер, на спикерската позиција ќе седне Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Собранието се подготвува за избор на нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Во пржинската влада ВМРО-ДПМНЕ ќе има два ресора – за внатрешни работи и за труд и социјала. Како можно решение за шеф на МВР се споменува името на Наќе Чулев. Најголемата опозициска партија ќе добие и 3 дополнителни заменици-министри во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество. Според најавите, в четврток телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат и ќе решаваат за тоа кои кадри ќе ги предложат за министри и дополнителни заменици-министри.

Владејачкиот СДСМ уште пред Нова година објави дека актуелните вицепремиери и министри Славица Грковска, Фатмир Битиќи, Бојан Маричиќ, Бисера Костадиновска- Стојчевска, Каја Шукова, Љупчо Николовски, Благој Бочварски и Славјанка Петровска ги задржуваат актуелните ресори. Јована Тренчевска од министерка ќе стане дополнителен заменик-министер за труд и социјала. Оваа функција во МВР ќе ја извршува Митко Бојмацалиев.

На денешната координација во Собранието не учествувале опозициските партии на Албанците кои најавија бојкот на работата на парламентот затоа што не беше прифатен нивен кандидат за член на ДИК.

XS
SM
MD
LG