Линкови за пристапност

Колумнистката Џин Керол бара уште 10 милиони долари за коментарите на Трамп по пресудата


Адвокатот на Трамп Џо Такопина денес одби да ги коментира новите тврдења
Адвокатот на Трамп Џо Такопина денес одби да ги коментира новите тврдења

Адвокатите на колумнистката Џин Керол која доби отштета од 5 милиони долари за сексуална злоупотреба и клевета против поранешниот претседател Доналд Трамп, поднесоа изменета тужба против него, барајќи уште 10 милиони долари за забелешките што ги кажал по пресудата, објави Асошиетед прес.

Изменетата тужба беше поднесена во федералниот суд на Менхетн денес од адвокатите на Керол.

Поротата пред две недели одлучи дека Трамп сексуално ја злоставувал Керол во луксузна стоковна куќа на Менхетн на почетокот на пролетта 1996 година.

Керол првпат откри во книга од 2019 година дека Трамп ја силувал во соблекувалната на продавницата.

Поротата го отфрли тоа тврдење.

Адвокатот на Трамп Џо Такопина денес одби да ги коментира новите тврдења.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG