Линкови за пристапност

Колку потпретседателските кандидати се клучни за гласачите во САД?


Научниците објаснуваат дека бидејќи потпретседателите работат во сенка на американскиот претседател, нивната улога честопати е погрешно разбрана и неценета. Фото: Гласање во Балтимор, април, 26, 2016
Научниците објаснуваат дека бидејќи потпретседателите работат во сенка на американскиот претседател, нивната улога честопати е погрешно разбрана и неценета. Фото: Гласање во Балтимор, април, 26, 2016

Демократските и републиканските претседателски кандидати ги избраа своите кандидати за потпретседател, но прашањето е дали тие навистина ќе помогнат во шансите за победа на изборите во ноември. Анализа на Вероника Балдерас Иглесијас.

Со голема доверба во нејзината одлука, потпретседателката Камала Харис во Пенсилванија го претстави гувернерот на Минесота Тим Волц за нејзин потпретседател.

„Во неговата сојузна држава тој беше модел на извршен директор, и со неговото искуство, ви велам, Тим Волц ќе биде подготвен уште на првиот ден“, рече Харис.

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп, исто така, го поздравува политичкото досие на неговиот кандидат, сенаторот од Охајо Џеј-Ди Венс.

Но, поранешниот претседател неодамна го минимизираше влијанието на кандидатите за потпретседател врз изборите.

„Мислам дека ова е добро документирано историски, потпретседателот, во однос на изборите, нема никакво влијание. Мислам, практично нема влијание. Се` е до претседателскиот избор“, рече Трамп.

Научниците објаснуваат дека бидејќи потпретседателите работат во сенка на американскиот претседател, нивната улога честопати е погрешно разбрана и неценета.

Нивната улога е навистина да дејствуваат како подредени, да помогнат во промовирањето и спроведувањето на политиките на претседателот
Џоел Голдстин, експерт за функцијата потпретседател

Сепак, тие се први во редот на наследување кога претседателот повеќе не може да служи и се клучни за унапредување на политичката агенда на нивната партија.

„Нивната улога е навистина да дејствуваат како подредени, да помогнат во промовирањето и спроведувањето на политиките на претседателот и да ја прошират способноста на претседателот да функционира како национален и меѓународен лидер“, вели Џоел Голдстин, експерт за функцијата потпретседател.

До одреден степен, изборот на потпреетседател може да ги зајакне претседателските кампањи, вели Голдстин.

„Изборот на Бил Клинтон на Ал Гор во 1992 година беше многу добар избор. Комбинацијата на овие двајца центристи од југот навистина испрати порака за генерациска промена“, смета Голдстин.

Лош избор е како аналитичарот ја опиша одлуката на републиканскиот сенатор Џон Мекејн да ја има гувернерката Сара Пејлин за свој кандидат во 2008 година.

„Таа навистина стана личност која беше исмејувана за време на кампањата и мислам дека на крајот му наштети на изборот на Мекејн. Тоа не беше причината зошто сенаторот Мекејн изгуби“, додава Голдстин.

Овој изборен циклус, ингеренциите на Тим Волц и неговиот фокус на просемејната економија е она на што се обложува кампањата на Харис.

„Тој е верзија да се биде поддржувач на семејствата без да се биде за контрола на репродукцијата, туку за економска поддршка на семејствата, било да е тоа образование, здравствена заштита, домување, развој на работни места“, посочува Елизабет Клеменс, политички социолог.

Џеј-Ди Венс ќе помогне да се унапреди републиканскиот наратив, вели аналитичарот Питер Лоџ.

„Наративот што тие го кажуваат е дека, знаете, некогаш постоела Америка каде што ако напорно работевте, игравте според правилата, вредното семејство од средната класа, може да успее - и дека Америка сега ја нема и ако гласате за нив, Америка ќе се врати“, смета Лоџ.

Дури и ако кандидатите за потпретседател ретко прават голема разлика на изборите, аналитичарите велат дека американските гласачи ќе обрнат внимание на тоа колку добро сегашните кандидати за потпретседател го слушаат електоратот и ги земаат предвид нивните грижи.

XS
SM
MD
LG