Линкови за пристапност

Кога и каде е потпретседателската дебата меѓу Венс и Волц?


Комбинирана фотографија од демократскиот и републиканскиот кандидат за потпретседател на САД на изборите во 2024
Комбинирана фотографија од демократскиот и републиканскиот кандидат за потпретседател на САД на изборите во 2024

Демократот Тим Волц и републиканецот Џеј-Ди Венс утре ќе се соочат на единствената закажана дебата за потпретседател во САД, шанса за двајцата кандидати да испратат порака до гласачите само неколку недели пред изборите на 5 ноември.

КОГА И КАДЕ Е ДЕБАТАТА?

90-минутната дебата, чиј домаќин е Си-Би-Ес Њуз ќе се одржи утре (1 октомври) во 21 часот локално време во Њујорк, упориште на демократите и поранешен дом на Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат кој се бори против демократската потпретседател Камала Харис.

КОИ СЕ МОДЕРАТОРИ?

Дебатата ќе се одржи во Центарот за емитување на Си-Би-Ес, а ќе ја модерираат Нора О'Донел и Маргарет Бренан.

КАКО МОЖЕТЕ ДА ЈА ГЛЕДАТЕ ДЕБАТАТА?

Настанот ќе се емитува на мрежата Си-Би-Ес и ќе се пренесува во живо на сите платформи каде што се достапни Си-Би-Ес Њуз 24/7 и Парамаунт+.

Претседателската дебата на 10 септември меѓу Харис и Трамп на Еј-Би-Си Њуз привлече 67 милиони телевизиски гледачи.

КОИ СЕ ОСНОВНИ ПРАВИЛА?

Нема да има публика. Кандидатите ќе стојат зад говорниците додека трае дебатата. Нема да бидат дозволени реквизити или однапред напишани белешки на сцената.

Си-Би-Ес Њуз соопшти дека го задржува правото да ги исклучи микрофоните на кандидатите.

XS
SM
MD
LG