Линкови за пристапност

Анѓушев: Има раст на економијата, но, граѓаните очекуваа и повеќе правда


Анѓушев: Сите избори влијаат негативно врз економијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Иако во одредени области можеби нема видлив напредок преку ноќ, државата е на добар пат, изјави вицепремиерот во интервју за Гласот на Америка

Одлуката на Европската Унија и предвремените парламентарни избори ќе се одразат врз економскиот развој на државата, но, незначително, вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој вчера и денес присуствува на конференција за енергетска стабилност во Вашингтон.

„Сите избори влијаат негативно на економијата и одредени економски процеси застануваат во тој момент. Но, мислам дека патот е трасиран и доколку се водиме според реалната економија и индустријализација, ориентација кон приватен сектор, тоа ќе донесе резултати на долг рок“, изјави Анѓушев за Гласот на Америка.

Тој вели дека иако во одредени области можеби немало видлив напредок преку ноќ, државата била на добар пат.

„Граѓаните очекуваа повеќе правда. Малку повеќе очекуваа реформи во тој дел, и се разбира тие треба да оценат дали доволно е испорачано. Мислам дека има простор за подобрување на состојбите во судството, општото живеење, образовниот и здравствениот систем“, рече тој.

Но, факт е, додаде Анѓушев, дека имало сериозен раст на економијата од над 5 проценти во апсолутен износ, оти стапката на невработеност паднала на 17 отсто, а изминативе две години биле вработени 54 илјади лица.

„Од претходните минус 1,1 процент во вториот квартал на 2017-та година, дојдовме до 3,6 проценти во првото полугодие, а во второто полугодие на 2019-та година очекуваме уште посериозен раст“, смета Анѓушев.

Според него, економските резултати не биле во фокус на медиумите изминативе две години поради потешки прашања во државата, но, оти очекува одредени проекти да добијат внимание, особено енергетскиот проект со Грција.

„Интензивно се работи на развивање на магистралната мрежа на гасоводи низ државата со цел да се поврзат сите градови со гасоводна инфраструктура“, најави тој, потенцирајќи дека за овој проект веќе биле обезбедени пари од меѓународни финансиски институции, а со цел да се подобри енергетската стабилност на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG