Линкови за пристапност

Илјадници се собраа во Лос Анџелес во чест на Коби Брајант и неговата ќерка


Меморијалниот собир се одржува по еден месец откако легендата на НБА, Коби Брајант и неговата ќерка, заедно со уште седуммина други, загинаа во хеликоптерска несреќа

Илјадници славни личности, спортисти, членови на семејството Брајант и навивачи, во понеделникот се собраа во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес во чест на големиот кошаркар Коби Брајант, кој минатиот месец загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седуммина други.

Меморијалниот собир насловен „Прослава на животот за Коби и Џијана Брајант“ - се одржува во арената каде Брајант ги поздравуваше навивачи скоро две децении додека играше за Лос Анџелес Лејкерс.

Датумот на комеморацијата, 24 февруари, има посебно значење бидејќи се совпаѓа со бројот на дресот на Брајант - „24“ - и дресот на Џијана „2“, пренесува Асошиетед Прес.

Вдовицата на Коби, Ванеса Брајант, во трогателен говор низ солзи зборуваше за својот сопруг и ќерката Џијана.

Легендарниот Меџик Џонсон е меѓу оние кои присуствуваат на комеморацијата, што се одржува само неколку часа по победата на Лејкерс со 114 наспрема 112 во неделата над Бостон Селтикс во Стејплс Центарот.

"Тешко е за две или пет минути да се каже што сè тој му значеше на светот, на НБА и на љубителите на кошарката. Тој е поголем од животот", рече Џонсон пред натпреварот во неделата.

Голем дел од фановите имаа среќа да набават од многу бараните 20.000 билети за двочасовната церемонија


Меѓу другите познати личности кои присуствуваат е и режисерот Спик Ли - кој беше близок пријател со Брајант и режираше документарен филм за неговиот живот, како и раперот Снуп Дог, страствен обожавател на Лејкерс.

Голем дел од фановите имаа среќа да набават од многу бараните 20.000 билети за двочасовната церемонија на меморијалниот собир во услови на засилено обезбедување.

„Коби значеше сè за овој град, за овој тим и за мене“, рече Карен Санчез (41), една од посетителите, додека чекаше со пријателите да влезе во арената. „Го гледав како игра од почеток“, рече таа.

„Неговата смрт за мене беше како да губам пријател“, рече 23 годишниот Маркос Ројас, исто така посетител на церемонијата.

На присутните на меморијалот им беше поделена програма на 24 страници со фотографии од Брајант и неговото семејство, како и црна маица со ликот на Коби и неговата ќерка на задниот дел.

Некои од навивачите платиле билет по цена од 224 долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG