Линкови за пристапност

Клобучар го повика Бајден да избере жена која не е бела за потпретседател на САД


Ејми Клобучар рече дека се откажува од трката за потпретседател на САД, и наместо тоа го повика демократскиот кандидат Џо Бајден да избере жена која не е бела, пренесува Асошиетед прес.

Шансите на Клобучар за потпретседателското место во кампањата се намалија по убиството на Џорџ Флојд


Сенаторката од Минесота, која виде дека нејзините изгледи се намалуваат како што растат расните тензии во нацијата, во среда вечерта рече дека претходниот ден го повикала претпоставениот претседателски кандидат и го изложила предлогот.

Бајден веќе се обврза да избере жена за свој партнер во изборната трка.

„Ако сакате да ја излечите нацијата ова е начинот да го направите тоа“, рече Клобучар во интервју за телевизиската мрежа Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Бајден во четвртокот ѝ возврати на Клобучар во порака на Твитер, укажувајќи на нејзината „грижа и решителност“ велејќи: „Со ваша помош, ќе го победиме Доналд Трамп“.

Шансите на Клобучар за потпретседателското место во кампањата се намалија по убиството на Џорџ Флојд од страна на бел полицаец во Минеаполис. Клобучар претходно беше обвинителка во округот во кој се наоѓа Минеаполис и во тој период повеќе од дваесетина луѓе, претежно од малцинствата, починаа при средби со полицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG