Линкови за пристапност

Кинескиот лидер Шји се состана со Лавров во знак на поддршка против западните демократии


Кинескиот лидер Шји Џинпинг се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во знак на взаемна поддршка поради инвазијата на Москва на Украина и споделеното противење на западните демократии предводени од САД.

Веднаш не беа објавени детали за состанокот, иако Лавров одржа прес-конференција претходно во вторникот со неговиот кинески колега Ванг Ји, на која тие ја потврдија солидарноста во меѓународните прашања.

Лавров рече дека Русија и Кина се спротивставуваат на какви било меѓународни настани што не ја земаат предвид позицијата на Русија. Тој рече дека „т.н. формула за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски е „целосно одвоена од секоја реалност“.

Зеленски повика на повлекување на руските сили и враќање на целата окупирана украинска територија, но во голема мера се потпира на поддршката од САД.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG