Линкови за пристапност

Кинеската војска ја обвини американската морнарица за „нелегален“ влез во територијалните води


АРХИВА - Фотографија од 30 ноември 2016 година на која е прикажан борбениот брод „USS Gabrielle Giffords“.
АРХИВА - Фотографија од 30 ноември 2016 година на која е прикажан борбениот брод „USS Gabrielle Giffords“.

Портпаролот на кинеската војска рече дека американскиот брод бил следен и дека командата била во состјба на готовност за одбрана. „Нема да бидеме спречени да продолжиме да работиме заедно со нашите сојузници за поддршка на визијата за слободен и отворен Индо-пацифик“, врати американската морнарица.

ПЕКИНГ, 4 декември – Кинеската војска соопшти дека брод на американската морнарица нелегално влегол во водите во непосредна близина на Томас Шол вториот, спорен дел во Јужното Кинеско Море, кој неодамна имаше неколку поморски конфронтации.

„САД сериозно го поткопаа регионалниот мир и стабилност“, рече портпаролот на кинеската јужна команда, кој додаде дека САД го нарушиле Јужното Кинеско Море и суверенитетот на Кина.

Кина е во спорови со неколку свои соседи околу нејзините големи претензии за територијални води во Јужното Кинеско Море.

Американската морнарица соопшти дека борбениот брод Габриел Гифордс, од класата на независноста, изведувал рутински операции во меѓународните води во Јужното Кинеско Море, во согласност со меѓународното право.

„Седмата американска флота секој ден оперира во Јужното Кинеско Море, тоа го прави со децении“, се вели во соопштението на американската морнарица. „Овие операции покажуваат дека сме посветени на одржување на слободен и отворен индо-пацифички регион“.

Во последните месеци, Кина имаше неколку несогласувања со филипински бродови и протестираше поради американските бродови кои патролираат во спорните области.

Според кинеската војска, американскиот брод се преселил во водите во непосредна близина на тоа што Кина го нарекува гребен Ренаи, познат Томас Шол вториот, дел од островите Спратли. Според пресудата на Трибуналот на Обединетите нации во 2016 година, Томас Шол вториот се наоѓа во ексклузивната економска зона на Филипините.

Портпаролот на кинеската војска рече дека американскиот брод бил надгледуван и следен, и дека кинеските „војски во командата постојано се во состојба на готовност за да го бранат националниот суверенитет“.

„Нема да бидеме спречени да продолжиме да работиме заедно со нашите сојузници и партнери за поддршка на нашата заедничка визија за слободен и отворен Индо-пацифик“, одговори американската морнарица.

Вчера, филипинската крајбрежна стража распореди два свои брода во Јужното Кинеско Море откако го следеше „алармантното“ зголемување на бројот на бродови на кинеската поморска полиција во рамките на ексклузивната економска зона на државата.

XS
SM
MD
LG