Линкови за пристапност

Градинка во Неготино реновинара со американска помош

  • Соња Трајковска

Американски и македонски војници ги сменија прозорците и вратите и ја претворија во енергетски ефикасен објект

Децата што ја посетуваат градинката „Мајски цвет“ во Неготино ја започнуваат новата предучилишна сезона во енергетски ефикасен објект. На реновирањето на старата зграда работеа деветмина војници од Армијата на САД и нивни колеги од Армијата на Република Македонија (АРМ). Тие за приближно три недели ги променија сите стари прозорци и врати, со што и визуелно, и квалитативно го променија изгледот на градинката.

Свеченото пуштање во употреба на реновираниот објект со симболично сечење на лента го направија мајорот Џефри Ван Сикл, шеф на Канцеларијата за воена соработка на САД во Македонија, полковникот Том Батлер, градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов и претставници на АРМ. Проектот е вреден 35 илјади американски долари, обезбедени преку Хуманитарната граѓанска помош (Humanitarian Civic Assistance) од фондовите на програмата „Humanitarian assistance“ (Хуманитарна помош) на Европската команда на американската војска.

Градоначалникот Апостолов вели дека реновирањето на градинката била неопходна потреба веќе подолг период, а реализацијата била овозможена откако наишле на разбирање за тоа кај претставниците на Американската амбасада во Скопје.

„Општината во континуитет презема активности за енергетска ефикасност што би резултирале со заштеда на електрична енергија, подобрување на енергетската ефикасност во установите и институциите на ова подрачје, користење на обновливи извори на енергија и навремено информирање на локалното население“, изјави Апостолов.

XS
SM
MD
LG