Линкови за пристапност

Кина користи вештачка интелигенција да влијае врз гласачите во САД, покажа нов извештај


Кина вчера ги отфрли наодите на „Мајкрософт“
Кина вчера ги отфрли наодите на „Мајкрософт“

Кина се свртува кон вештачката интелигенција за да ги вознемири гласачите во САД и да ги поттикне поделбите пред претседателските избори во земјата во 2024 година, се вели во нов извештај.

Аналитичарите за закани во „Мајкрософт“ предупредија во блог пост вчера дека Пекинг развил нова способност за вештачка интелигенција која може да произведе „привлечна содржина“ со поголема веројатност да стане вирална во споредба со претходните операции на кинеско влијание.

Според „Мајкрософт“, шестмесечниот напор се чини дека користи генератори на вештачка интелигенција, кои се способни и да произведат визуелно зачудувачки слики и исто така да ги подобрат со текот на времето.

„Набљудуваме актери поврзани со Кина како користат визуелни медиуми генерирани од вештачка интелигенција во широка кампања која главно се фокусира на политички поделени теми, како што е насилството со оружје и оцрнување на политичките личности и симболи на САД“, рече „Мајкрософт“.

„Можеме да очекуваме Кина да продолжи да ја усовршува оваа технологија со текот на времето, иако останува да се види како и кога ќе ја примени во обем“.

Кина вчера ги отфрли наодите на „Мајкрософт“.

„Во последниве години, некои западни медиуми и тинк-тенкови ја обвинија Кина дека користи вештачка интелигенција за создавање лажни профили на социјалните мрежи за ширење на таканаречените „прокинески“ информации“, изјави ореку имлел портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју за Гласот на Америка.

„Таквите изјави се полни со предрасуди и злонамерни шпекулации против Кина, на кои Кина цврсто се противи“.

Според „Мајкрософт“, актерите поврзани со кинеската влада се чини дека ги шират сликите генерирани со вештачка интелигенција на социјалните мрежи додека се претставуваат како гласачи на САД од целиот политички спектар.

Фокусот беше ставен на прашања поврзани со расата, економските прашања и идеологијата.

Во еден случај, истражувачите на „Мајкрософт“ укажаа на „Статуата на слободата“ која се прикажува со огнено оружје наместо со традиционалниот факел.

Сликата е насловена „Божицата на насилството“.

„Оваа релативно висококвалитетна визуелна содржина веќе привлече повисоки нивоа на ангажираност од автентичните корисници на социјалните медиуми“, се вели во извештајот на „Мајкрософт“.

„Корисниците почесто ги објавуваат овие визуелни слики, и покрај заедничките индикатори за генерирање на вештачка интелигенција“, се додава во извештајот.

Дополнително, во извештајот на „Мајкрософт“ се вели дека Кина ги тера вработените во кинеските државни медиуми да се маскираат како „независни инфлуенсери на социјалните медиуми“.

„Мајкрософт“ објави дека инфлуенсерите досега имаат следбеници од најмалку 103 милиони луѓе на 40 јазици.

XS
SM
MD
LG