Линкови за пристапност

Кина ги отфрли обвинувањата за водење шпионска база во Куба


Кина во понеделникот ги отфрли американските наводи дека управува со шпионска база на Куба.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, на брифинг со новинарите изјави дека наводите се лажни и дека САД даваат неконзистентни и контрадикторни информации.

Коментарите на Ванг дојдоа неколку дена откако официјален претставник на администрацијата на Бајден рече дека Кина веќе некое време спроведува шпионски операции надвор од Куба, лоцирана на околу 200 километри од американската држава Флорида.

Во објава на Твитер во саботата, кубанскиот заменик-министер за надворешни работи Карлос Фернандез де Косио ги нарече тврдењата „клеветнички шпекулации“.

Случувањата се случуваат кога американскиот државен секретар Антони Блинкен се очекува наскоро да отпатува во Пекинг.

Неговите претходни планови да замине во Кина во февруари беа откажани поради порастот на тензиите кога кинески шпионски балон прелета над Соединетите држави.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG