Линкови за пристапност

Кина е клучна да може да се реши климатската криза, вели Кери


Американскиот претставник за клима Џон Кери има разговори со неговиот кинески колега во Пекинг, како што САД се обидуваат да ги обноват контактите со Кина кои беа нарушени поради споровите околу трговијата, Тајван, човековите права и територијалните претензии.

Кинеските државни медиуми соопштија дека Кери денес се среќава со својот колега на првите опсежни директни дискусии за климата меѓу двата најлоши климатски загадувачи во светот по речиси едногодишна пауза.

Кина е најголемиот светски производител и потрошувач на јаглен, но вети дека ќе ги намали емисиите и ќе стане јаглеродно неутралена до 2060 година.

„Она што се обидуваме да го направиме е да најдеме начини на кои можеме да соработуваме за навистина да се справиме со климатската криза“, рече Кери пред неговата посета.

Кина, рече тој, „е клучна за да можеме да го решиме овој проблем“.

XS
SM
MD
LG