Линкови за пристапност

Кина ја откажа планираната средба со Борел  


Кина не наведе причина за откажаната средба, туку дека „предвидените датуми следната недела повеќе не се можни“, соопштија од Европската унија.
Кина не наведе причина за откажаната средба, туку дека „предвидените датуми следната недела повеќе не се можни“, соопштија од Европската унија.

Европската унија соопшти дека Кина ја откажала планираната посета на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Портпаролот на ЕУ, Набила Масрали соопшти дека Пекинг не наведе причина. Масрали рече дека Кина ѝ кажала на ЕУ дека „предвидените датуми следната недела повеќе не се можни“ и дека блокот „сега мора да бара алтернативи“.

„Претставникот Борел е добредојден да ја посети Кина што е можно поскоро по погодност на двете страни“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин во Пекинг, додавајќи дека Кина ќе ја одржува комуникацијата со ЕУ.

Борел требаше да ја посети Кина на 10 јули за да разговара со министерот за надворешни работи Чин Ганг во врска со за трговијата, човековите права и ставот на Кина за руската инвазија врз Украина. Блокот од 27 нации врши притисок врз Пекинг да ги зголеми своите напори да ја убеди Русија да стави крај на својата речиси 17-месечна инвазија на соседна Украина.

ЕУ минатата недела излезе со став во кој ја опиша Кина како „конкурент и системски ривал“.

Европскиот амбасадор во Кина, Хорхе Толедо во неделата изјави дека Брисел и Пекинг треба да одржат два самити во септември, еден за економија, друг за дигитална соработка.

Ова е втора откажана, а планирана посета на Борел на Кина. Патувањето планирано за април беше откажано откако тој беше позитивен на ковид.

XS
SM
MD
LG