Јужнокорејскиот претседател Мун Џae-ин вели дека Северна Кореја не наметнува услови за претстојниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп поради забраната за нуклеарно оружје на Корејскиот полуостров.
Мун вчера им рекол на корпоративните директори во Сеул: „Тие немаат никакви услови што САД не можат да ги прифатат, како на пример повлекувањето на американските трупи од Јужна Кореја“.
Тој додал дека дијалогот меѓу двете Кореи мора да продолжи по самитот на 27-ми април, со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и самитот Северна Кореја-САД, за кој не е одреден датум.
Двете Кореи денеска отворија директна телефонска линија помеѓу нивните водачи, една недела пред самитот меѓу Ким и Мун во демилитаризираната зона.
Северна Кореја не наметнува услови за претстојниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп
Facebook Forum