Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата прва посета на Русија по речиси четири години е јасно покажување на „стратешката важност“ на односите на двете земји, објави државниот медиум КЦНА.
Во извештајот се вели дека Ким Џонг Ун рекол оти неговата посета на Руската Федерација е јасна манифестација на владата на Северна Кореја која дава приоритет на стратешкото значење на односите меѓу Северна кореја и Русија.
Посетата на Ким на Русија ја означува неговата прва странска посета по светската јавно-здравствена криза, соопшти КЦНА, осврнувајќи се на пандемијата на ковид-19.
Ким пристигна во пограничниот град Хасан во Русија денес рано наутро, потврдија државните медиуми, а на железничката станица беше пречекан од високи претставници од Москва и локалните области.
Неговата посета има за цел да ги постави односите на пријателство и соработка помеѓу Северна Кореја и Русија на „свежо повисоко ниво“, се вели во извештајот.