На снежно време погребната поворка тргна рано во среда. Црна лимузина со огромен портрет на починатиот лидер ја предводеше поворката низ снежните улици на Пјонгјанг, по која одеше друга лимузина со ковчегот на Ким завиткан во знаме, поставен на покривот, со бели цвеќиња околу него.
Ужалените очајнички плачеа на улиците, а војниците имаа проблем да ги задржат луѓето да не излегуваат на патот.
Сликите емитувани на севернокорејската државна телевизија го покажаа синот на Ким кој е негов наследник, Ким Јонг Ун, облечен во темно палто како оди покрај погребната кола која се врати на огромниот плоштад на Меморијалната палата Кумсусан.
Зад него беше влијателниот вујко Јанг Сонг Таек, високи партиски претставници, шефот на армијата и министерот на оружените сили.
Аналитичарите велат дека близината на политичките и армиските претставници до младиот лидер може да бидат показатели за тоа кој е во неговиот најтесен круг.
Погребната церемонија ќе продолжи во четврток.
Од смртта на Ким Јонг Ил, кој почина од срцев удар на 17декември, државната телевизија постојано покажува сцени на исклучителна жалост во јавноста низ Северна Кореја.