Линкови за пристапност

Одлагање за нафтоводот Кистоун?


Канадската компанија побара одлагање на ревизијата од американскиот Стејт департмент заради неподготвената регулатива

Канадската компанија зад предложениот нафтовод што би пренесувал нафта од Канада до САД побара од американскиот Стејт департмент да ја суспендира неговата ревизија на контроверзниот проект.

ТрансКанада во понеделникот соопшти дека испратила писмо до американскиот државен секретар Џон Кери да го запре процесот на ревизија за Кистоун ХЛ поради тековниот регулативен процес во сојузната држава Небраска, која е крајна точка на нафтоводот долг 1.900 километри. Компанијата смета дека може да помине и една година пред властите на Небраска да завршат со нивната ревизија на рутата на нафтоводот.

Предложениот нафтовод вреден осум милијарди долари, беше на разгледување во Стејт департментот откако ТрансКанада поднесе барање за дозвола во 2008 година. Доколку Кери се согласи со барањето на Транс Канада, тоа би можело да го одложи донесувањето на конечната одлука до после заминувањето на претседателот Барак Обама од функцијата, во јануари, 2017 година.

Кистоун XL, би пренесувал повеќе од 800.000 барели нафта од песоците со катран од Алберта отспротива на Монтана и Јужна Дакота, до јужна Небраска и од таму ќе се поврзе со постоечкиот нафтовод за да пренесува нафта во рафинериите по должина на американскиот заливски брег. За овој проект претседателот Барак Обама се соочи со отпор. Од една страна беа еколозите, кои сметаат дека со овој проект лошо ќе влијае на климатските промени, а од друга подржувачите на проектот, кои сметаат дека проектот ќе се отвори многу работни места и ќе придонесе за енергетската независност на државата.

Еколошките активисти во своите изјави ја обвинуваат Транс Канада дека купува време до после претседателските избори во 2016 година, со надеж дека ќе имаат поголема поддршка од новата администрација во Белата Куќа, после заминувањето на претседателот Обама.

Портпаролот на Белата Куќа, Џош Ернест за новинарите изјави дека претседателот има намера да донесе крајна одлука за нафтоводот Кистоун ХЛ, пред да си замине од функцијата.

XS
SM
MD
LG