Администрацијата на претседателот Доналд Трамп даде дозвола за изградба на нафтоводот Кистоун ХЛ, проект кој пред две години беше одбиен од поранешниот претседател Барак Обама.
Стејт департментот го објави издавањето дозвола за градење на нафтоводот на „ТрансКанада“, велејќи дека тоа е во интерес на државата.
Одлуката е спротивна од онаа на администрацијата на Обама, која тогаш донесе спротивен заклучок.
Претседателот Трамп се очекува да даде официјална информација за дозволата доцна вечерва.
Рус Гирлинг, претседател на „Трансканада“, рече дека дозволата е „револуционерна пресвртница“ за проектот, стар две години.
„Ја цениме дозволата од администрацијата на Трамп, и очекуваме да продолжиме да работиме, како и да инвестираме во зацврстување на енергетската инфраструктура во Северна Америка“, изјави Гирлинг.
Преку гасоводот ќе се носи нафта добиена од песок во рафинериите долж Мексиканскиот залив.
Facebook Forum