Линкови за пристапност

„Д-р Смрт“ почина на 83 години


„Д-р Смрт“ почина на 83 години
„Д-р Смрт“ почина на 83 години

Џек Кеворкин, американски лекар кој беше во затвор за помагање на неизлечиво болни луѓе да се самоубијат, умре на возраст од 83 години.

Адвокатот на поранешниот патолог и негов пријател вели дека Кеворкин умрел рано во петокот во болница во Ројал Оук, Мичиген. Тој бил хоспитализиран минатиот месец заради проблеми со бубрезите.

Во 2007-ма, Кеворкин бил ослободен од затвор по отслужување осум години од 10 до 25 години затворска казна за убиство од втор степен.

Порота во Мичиген го осуди во 1999 откако беше објавено видео на националната телевизија што покажува како Кеворкин администрира смртоносни лекови на пациент кој страдал од онеспособувачка болест на нервниот систем позната по името на безбол-играчот Лу Гериг.

Тој беше затворен и обвинет во други случаи на помагање во самоубисто. Неговите претходни судења резултираа во три ослободителни пресуди и еден случај напуштен заради лошо водење на постапката.

Со прекар „Д-р Смрт“, Кеворкин кажа дека помогнал на околу 130 трајно болни луѓе да си го одземат животот, често дозволувајќи на неговите пациенти да оперираат со неговата таканаречена „машина за самоубиство“.

Само неколку американски сојузни држави легализираат лекарска помош во самоубиство. Орегон беше една од првите кои усвоија ваков закон, во 1997-ма, а државата Вашингтон истото го стори 10 години подоцна. Врховниот суд на Монтана донесе пресуда практично легализирајќи ја контроверзната пракса во таа држава.

XS
SM
MD
LG