Линкови за пристапност

Кевин Харт нема да биде водител на Оскарите во февруари


Одлучив да се повлечам бидејќи не сакам тоа да биде попречување на ноќта, рече тој денес во објава на Твитер

Комичарот Кевин Харт најави дека нема да биде водител на 91-то издание на Оскарите, кои треба да се одржат во февруари, како резултат на хомофобични твитови во минатото.

„Одлучив да се повлечам бидејќи не сакам тоа да биде попречување на ноќта, која треба да биде прославена од многу прекрасни и талентирани уметници. Искрено и` се извинувам на ЛГБТ заедницата за моите нечувствителни зборови во минатото“, напиша Харт на Твитер.

Претходно тој кажа дека Академијата за доделување на Оскарите побарала од него тоа да го направи, нагласувајќи дека тој досега се извинил повеќе пати.

Академијата сега бара нов водител за церемонијата во февруари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG