Американскиот државен секретар Џон Кери во вторник патува за Блискиот исток каде ќе дискутира за ситуацијата во Ирак и за заканата што ја претставуваат милитантите на Исламската држава.
Тој треба да се сретне со официјални лица во Јордан и Саудиска Арабија и ќе се консултира со други сојузници за време на патувањето.
Во говор од понеделникот вечер, Кери кажа дека работи на градење „најширока можна коалиција“ за спротивставување и поразување на групата Исламска држава.
Тој кажа дека друга помош ќе инволвира прекин на финансирањето на милитантите, спречување на протек на странски борци и контра-пропаганда.
Кери исто така го фалеше ирачкиот парламент за одобрување на составот на новата влада, нарекувајќи го „значаен чекор за државата“ и за напорите на САД против екстремистите на Исламската држава.