САД велат дека се отворени за соработка со Иран со цел да се спречи напредувањето на сунитските милитанти во Ирак.
Во интервју во понеделникот, државниот секретар Џон Кери не отфрли воена соработка со Техеран како начин да „се задржи Ирак цел“. Бунтовниците на Исламската држава Ирак и Левант ја презедоа контролата на северни ирачки градови последнава недела и се приближија до Багдад.
Кери за Јаху Њуз кажа дека САД се „отворени за секаков конструктивен процес“ за запирање на насилството во Ирак и да се елиминираат „надворешни терористички сили кои го распарчуваат“.
Но аналитичар за одбраната од вашингтонскиот Институт за Блискиот исток, Џефри Вајт, за Гласот на Америка кажа дека новата американска алијанса со Ирак за спасување на Ирак ќе биде тешко да се направи.
Тој кажа дека иранската поддршка за Багдад е „веројатно на пат“, но дека „може да не е во интерес на двете влади тоа да се драматизира“.
САД и Иран немаа дипломатски врски повеќе од три децении. Сега САД и нивните западни сојузници се во преговори со Техеран во врска со нивната нуклеарна програма.