Линкови за пристапност

Кери повторно ќе се сретне со Абас


Американскиот државен секретар и во четврток ќе има разговори со палестинскиот претседател, откако во средата била оценета нивната корисност

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе одржи втор ден на разговори во четврток со палестинскиот претседател Махмуд Абас како дел од напорите да помогне во создавањето рамковен мировен договор за Блискиот Исток.

Висок претставник на Стејт Департментот кажа дека Кери и Абас „имале длабока дискусија за суштинските прашања“ по вечерата во среда и „се согласиле дека ќе биде корисно да продолжи таа дискусија.“

Американски официјални лица кажаа дека разговорите се на важна точка, пред рокот 29-ти април за постигнување спогодба меѓу Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Обновените разговори имаат мал напредок откако двете страни се согласија да го отворат повторно процесот минатиот јули на деветмесечен временски период по тригодишен прекин.
XS
SM
MD
LG