Линкови за пристапност

Кери со Абас ќе разговара во Париз


Средбата е најновиот напор на американскиот државен секретар да ги поттикне израелско-палестинските преговори

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Париз каде ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас за разговор во врска со тековните мировни преговори со Израел.

Средбата во среда е најновиот напор на Кери да ги поттурне напред израелско-палестинските преговори, вклучувајќи го обидот за изработка на рамка на тоа како би изгледал мировниот договор.

Обновените разговори донесоа мал напредок откако двете страни се согласија повторно да започнат преговори минатиот јули по тригодишен прекин. Тие се определија за разговори во наредните девет месеци, период што ќе истече во април.

За време на почетните средби, Израел се согласи на ослободување на затвореници додека Палестинците се откажаа од нивните барања Израел да престане со изградба на населби пред да продолжат разговорите.

Кери исто така ќе има одвоени разговори во среда со францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус и јорданскиот министер за надворешни работи Насер Јудех.

Кери отпатува во Франција од Тунис каде застана во вторник за да го пофали напредокот на државата каде што започна Арапската пролет пред три години.
XS
SM
MD
LG