Американскиот државен секретар Џон Кери направи ненајавена посета на Тунис во вторник за да го пофали напредокот во државата каде Арапската пролет започна пред три години.
Кери во Тунис се сретна со претседателот Монцеф Марзуки, велејќи му дека САД се „многу импресионирани од чекорите ги презема, со рационален и промислен приод кон транзицијата.
Кери треба да се сретне и со други туниски претставници за време на неговата куса посета.
Посетата доаѓа само неколку недели по ратификувањето од страна на Тунис на новиот устав за кој некои набљудувачи велат дека е најнапреден во арапскиот свет. Некои владини противници велат дека уставот не прави доволно за заштита на правата на жените. Документот е основа за Тунис да стане демократија што нема да биде базирана на исламистички закон.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун коментираше по уставот на Тунис , дека државата може да биде „модел за другите луѓе кои сакаат реформи.“
Кери исто така ги фалеше промените минатиот месец велејќи дека уставот и новата привремена влада се „историски темелници “ на туниската демократска транзиција.