Линкови за пристапност

Кери се враќа во регионот за израелско-палестинските мировни преговори


Американскиот државен секретар носи рамковен договор за клучните прашања што стојат на патот за договор.

Американскиот државен секретар Џон Кери се враќа во Израел во четврток за разговори за кои Стејт департментот вели дека ќе вклучат начелен предлог за главните прашања кои стојат на патот на израелско-палестински мировен договор.

Кери ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала за време на повеќедневната посета.

Портпаролката на Стејт департментот Мари Харф кажа дека договор по рамковниот документ не се очекува за време на ова патување, но дека постои надеж за „намалување на јазот“ што се` уште ги дели двете страни.

Клучното прашање што треба да биде решено во мировен договор вклучува граници, безбедносни прашања, судбината на Ерусалим и правото на враќање на палестински бегалци.

Израел и Палестинците ги продолжија мировните разговори во јули по тригодишен прекин, и се определија за продолжување на преговорите до април.

Кери го направи мировниот договор на Блискиот исток приоритет на надворешната политика и често одеше во посета на регионот изминатава година.
XS
SM
MD
LG