Линкови за пристапност

Среде знаци за договор, Кери патува за Женева


Надежта е дека присуството на американскиот државен секретар на нуклеарните разговори ќе помогне тие да напреднат.

Американскиот државен секретар Џон Кери и други високи западни дипломати се упатени кон Женева за разговори во врска со иранската нуклеарна програма, среде знаците дека договор може да е на дофат.

Стејт департментот вели дека се надева оти присуството на Кери на вториот ден на разговорите во петок ќе „помогне да се намалат разликите“ меѓу Иран и шесте светски сили.

Пред да се упати кон швајцарскиот град, Кери во Тел Авив се сретна со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, кој сака иранската нуклеарна програма да биде целосно разградена.

Зборувајќи пред неговата средба со Кери, Нетанјаху на новинарите им кажа дека Иран „добил се`, а не платил ништо“ затоа што не ги намалува, на никаков начин, своите можности за производство на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG