Линкови за пристапност

Кери продолжува да притиска за израелско-палестински мир


И покрај тензиите и застојот на тримесечните преговори, Кери рече дека е определен да бара шанси за договор

Обидот на американскиот државен секретар Џон Кери да изврши притисок за продолжување на застоените израелско-палестински мировни разговори во четврток се префрла во Јордан, среде поплаки од двете страни дека другиот им штети на преговорите што почнаа пред три месеци.

Кери се среќава со палестинскиот претседател Махмуд Абас на втора дискусија во два дена. Висок американски дипломат исто така се сретна два пати во среда со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и ќе има разговор со него по трет пат во петок во Ерусалим.

Палестински претставници се жалеа заради продолжувањето на изградбата на израелски населби во области што Палестинците ги сакаат за нивна идна држава. Нетанјаху загриженост за разговорите во средата и ги обвини Палестинците за креирање „вештачки кризи.“

Кери, кој повтори дека САД ги сметаат населбите „нелегитимни“, кажа дека е определен да турка за постигнување мир.
XS
SM
MD
LG