Линкови за пристапност

Нетанјаху се надева дека Кери ќе ги помрдне напред мировните преговори


Американскиот државен секретар кој е во посета на Блискиот исток, побара компромис од двете страни.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху вели дека сака мир со Палестинците, и се надева дека Државниот секретар на САД Џон Кери кој е во посета, ќе може да ги врати преговорите на место каде „историски“ договор може да биде постигнат.

Нетанјаху зборуваше појавувајќи се со Кери пред нивната средба во Ерусалим. Израелскиот лидер изрази резервација за тримечните мировни преговори.

„Загрижен сум за нивниот напредок, бидејќи гледам дека Палестинците продолжуваат да креираат вештачки кризи, продолжуваат да избегнуваат и да бегаат од историски одлуки кои се потребни за да се направи вистински мир.“

Кери, кој исто така во среда се среќава со палестинскиот лидер Махмуд Абас, кажа дека секогаш има „тешкотии“ и „тензии“ со преговорите, но дека е уверен дека страните можат истите да ги надминат. Тој кажа дека Израелците и Палестинците треба да направат компромиси за постигнување на таа цел.

Тој исто така се осврна на загриженоста на Нетанјаху дека силите може да се договорат со Иран за намалување на санкциите во замена за помалку од целосно разградување на нивната способност за нуклеарно збогатување.

„Наша цел е Иран да има само мирољубива нуклеарна програма. И секако дека мора да обезбедиме тоа да е уверливо мирољубива програма и дека нема капацитет за производство на оружје за масовно уништување.“
XS
SM
MD
LG