Линкови за пристапност

Кери: „Легитимната“ загриженост за шпионирањето не е пречка за трговските разговори


На патување во Европа, американскиот државен секретар кажа дека САД поздравуваат дијалог за напредок и зајакнување на односите

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека „легитимни прашања“ во врска со американското шпионирање не треба да влијаат на претстојните трговски разговори меѓу САД и Европската унија.

Кери во вторник, за време на посетата на Полска, кажа дека САД ја ревидираат својата активност за следење и дека тесно ќе соработуваат со своите сојузници да овозможат пат напред за кој има „разбирање и заедничка согласност“.

„Сакаме да слушнеме од нашите сојузници. Сакаме да ја имаме оваа конверзација. Претседателот Обама ја поздравува можноста да работи со нашите сојузници, и конечно, ако ги поставиме работите како што треба, можеме не само да ја надминеме загриженоста туку и да ја зајакнеме врската за во иднина и сите може да бидеме побезбедни и посигурни како резултат, и во исто време да ја заштитуваме приватноста на жителите.“

Кери кажа дека потенцијалниот трговски договор е во врска со работни места и глобална конкуренција, и може да води кон зголемени стандарди на начин на кој светот работи.

Но преговорите дојдоа среде лутината од европските влади кои сакаат САД да ги објаснат наводите дека Националната агенција за безбедност го мониторела телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел и телефоните на блиски сојузници.

Кери се сретна со полскиот Министер за надворешни работи Радослав Сикорски за разговори од широк спектар што вклучуваат економска соработка, одбранбени релации, прашања за заштита на животната средина и планови за распоредување на систем за одбрана од проектили.

Тој ја започна посетата со одење на гробот на првиот пост-комунистички премиер Таеуш Мазовјецки кој почина минатата недела. Кери положи венец, за што кажа дека е признавање на придонесот на Мазовјецки кон демократијата и човековите права.

Секретарот потоа ќе оди во Израел и на Западниот брег, каде ќе се сретне со израелски и палестински претставници додека тие продолжуваат со мировните преговори. Тој исто така ќе оди во Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Алжир и Мароко.
XS
SM
MD
LG