Линкови за пристапност

Кери: Американско-египетските врски нема да бидат прекинати


Државниот секретар на САД појасни по најавата за скратување на американската помош за Египет и реакцијата на Каиро по веста

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека одлуката на САД за намалување на помошта за Египет не значи дека Вашингтон ги крати и врските со државата.

Кери во четвртокот рече дека администрацијата останува определена за обновување на демократијата во Египет и дека ќе остане ангажирана со привремените лидери, кои, како што рече, „ја сфаќаат многу добро нашата определба за оваа влада, што ние сакаме да видиме да успее“.

Стејт департментот во среда кажа дека САД ќе замрзне стотици милиони долари во помош за владата поддржана од армијата на Каиро, најголем дел од што е во армиска помош.

Портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи Бадр Абделати одлуката ја нарече „погрешна“ и кажа дека неговата земја е определена да ја реализира рамковната политичка мапа, што вклучува планови за избори следната година.

Египетската армија го отстрани од власт демократски избраниот претседател Мохамед Морси во јули и ја предаде власта на нова привремена влада да ја води земјата до новите избори. Од соборувањето, најмалку илјада луѓе беа убиени, главно исламисти, во задушување на отпорот од милитанти и поддржувачи на Морси и на Муслиманското братство.
XS
SM
MD
LG