Американскиот државен секретар Џон Кери посети сириски бегалски камп во соседен Јордан, каде раселените од конфликтот што трае над две години изразија лутина и фрустрација за одговорот на меѓународната заедница.
Кери во четврток направил турнеја од воздух на кампот Заатари и разговарал 40-тина минути со шестмина од кампот каде се сместени повеќе од 115.000 бегалци.
Една сириска жена кажа дека се надева оти Кери нема да се врати во САД пред да најде решение за кризата, сугерирајќи дека треба да има барем зона на забрането летање или ембарго поставено спрема Сирија.
Кери рече дека се разгледуваат неколку опции и дека некои членови на таканаречената група Пријатели на Сирија обезбедуваат оружје за сириските бунтовници.
САД се` уште вршат притисок за политичко речение за сириската криза. Кери се сретна со претставници на Арапската лига во средата во Аман, нагласувајќи ја потребата за пат што „им ветува на луѓето во Сирија иднина без насилство, со влада што самите ќе ја изберат“.