Американскиот државен секретар Џон Кери држи уште една рунда разговори со израелски и палестински лидери со цел да ги натера двете страни да ги рестартираат нивните застоени мировни преговори.
Кери во четврток започна дводневна посета во Израел каде се среќава со премиерот Бенџамин Нетанјаху, претседателот Шимон Перес и министерката за правда Ѕипи Ливни. Потоа тој ќе патува на Западниот брег во градот Рамала за разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Кери кажа дека сфаќа оти има скептицизам, дури и цинизам за долго замрените мировни преговори, но тој изрази оптимизам за наоѓање пат за напредок.
Двете страни беа поделени по прашањето за израелското градење населби на Западниот брег и Источен Ерусалим. Палестинците ги сакаат тие области како дел од идната држава, и одбиваа да преговараат со Израел додека не престане да гради.
Израел не сака предуслови за почеток на преговорите.