Линкови за пристапност

Кери: Лансирањето на проектил би било голема грешка


Шефот на дипломатијата на САД рече дека меѓународната заедница никогаш нема да ја признае Северна Кореја како нуклеарна сила.

Државниот секретар Џон Кери изјави дека би било „голема грешка“ доколку Северна Кореја постапи по заканата дека ќе изведе уште еден тест со проектил за кој официјални лица велат дека може да се случи во секое време.

За време на прес-конференцијата со својот јужнокорејски колега во Сеул, Кери истакна дека Северна Кореја нема никогаш од меѓународната заедница да биде признаена како нуклеарна сила.

Американскиот шеф на дипломатијата додаде дека Пентагон работи врз основа на претпоставката дека Северна Кореја се` уште нема капацитет за поставување нуклеарна боева глава на балистички проектил и покрај извештајот на американското разузнавање протечен во јавноста што сугерира дека тоа е изводливо.

Пјонгјанг на неколупати се закани со започнување нуклеарна војна на американско копно и други американски цели во регионот. Воедно предупреди дека е во финална фаза да изведе уште еден тест на проектил со цел да демонстрира таква способност.

Џон Кери ги осуди заканите, велејќи дека севернокорејскиот народ е „очаен за храна, а не за лансирање на проектили“ и дека „сака можности, а не лидер кој покажува сила“.

Тој додаде дека САД нема да се колебаат да се бранат себеси и своите сојузници и го повтори повтори повикот од страна на Вашингтон, Пјонгјанг да се вклучи во разговори со цел да се прекине нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG