Американскиот државан секретар Џон Кери се сретна со лидери на сириската опозиција, започнувајќи ден на разговори во Рим што се очекува да заврши со соопштение за нова помош за сириските бунтовници.
На средбата рано во четврток беше и шефот на сирискиот Национален совет, Муаз ал-Катиб.
Разговорите дојдоа среде поголема средба на Пријателите на Сирија, што ги донесе заедно главно европските и државите на Блискиот исток, кои ги поддржуваат оние кои се против сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Кери во среда кажа дека САД бараат начини за забрзување на политичката транзиција што сирискиот народ ја бара.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни во среда кажа дека САД се фокусирани на помагање на сириската опозиција да стане посилна, покохезивна и подобро организирана. Тој кажа дека американските претставници ќе проучат секоја реалистична опција за да се дојде до Сирија по Асад.
До сега САД на сириските бунтовници им дадоа помош во комуникациска опрема и слично. Весниците Вашингтон пост и Њујорк тајмс велат дека новата помош може да вклучи воена обука и опрема, како возила и опрема за ноќно гледање, но не и оружје.