Линкови за пристапност

Кери: Сирискиот претседател мора да си оди


Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека насилството што се одвива во Сирија е натамошен доказ дека претседателот Башар ал-Асад треба да замине од функцијата.

Зборувајќи во Лондон во понеделник, по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон и секретарот за надворешни работи Вилијам Хаг, Кери кажа дека САД го осудуваат „недикриминирачкото убивање“ со „најсилни зборови“.

Зборувајќи до него, Хаг кажа „нашата политика не може да биде статична“ во очи на насилството. Хаг рече дека во наредните недели Британија ќе врши притисок за нов пакет помош за поддршка на Сириската национална коалиција.
XS
SM
MD
LG