Линкови за пристапност

Државниот секретар на САД се сретна со британскиот премиер


Американскиот државен секретар Џон Кери во понеделник се сретна со британскиот премиер Дејвид Камерон и секретарот за надворешни работи Вилијам Хаг, на познатата адреса - Улица Даунинг.

Американскиот државен секретар Џон Кери во понеделник се сретна со британскиот премиер Дејвид Камерон и секретарот за надворешни работи Вилијам Хаг, на познатата адреса - Улица Даунинг.

Кери треба да се сретне со други лидери во Германија, Франција, Италија, Турција, Египет, Саудиска Арабија, Обединети арапски емирати и Катар, на неговото прво патување во странство откако стана државен секретар.

Американскиот Стејс департмент вели дека Сирија ќе биде главна тема на дискусиите на средбите во, како што вели, „турнејата на слушање“ на Кери. Тој исто така планира да се сретне со раководството на сириската опозициона коалиција.

Додека е во Берлин, тој се очекува да се сретне со неговиот руски колега, Сергеј Лавров. Вашингтон и Москва имаат различни позиции за справувањето со Сирија, и билатералните односи беа оладени во врска со американските планови за изградба на противракетен систем во Европа.
XS
SM
MD
LG